По тричасовна акција, синоќа успешно се извлечени петмина македонски сноубордери и скијачи кои залутале и паднале во бездна на Пирин кај Банско, Бугарија. Тие биле спасени околу 21 часот, а во акцијата учествувале десет спасувачи.

Операцијата за спасување на петтемина македонски скијачи и сноубордери, кои на Пирин скијале надвор од назначени локации и при тоа паднале во бездна, успешно е завршена“, соопшти Планинската спасувачка служба.

Сите петмина се во добра состојба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.