Еден од последните преживеани ликови од документарниот филм за српското подземје „Се гледаме во некролог“, човек со репутација на „жестоко момче“, а во поново време ѕвезда на реалити шоуа, Кристијан Голубовиќ, не бил од секогаш набилдан тип со еден куп тетоважи.

Кристијан е роден на 30 ноември 1969 година во Минхен. Пред да се роди Кристијан, неговиот татко е осуден на доживотен затвор поради вооружен грабеж со смртни последици, а прв пат го видел Кристијан кога избегал од затвор.

Во осумдесеттите години од минатиот век доаѓа во Србија каде што со мајка си и сестра си живеел на Звездара, а потоа во Вождовац.

Српските медиуми објавија фотографии на кои се гледа како изгледал Кристијан во детството, а како изгледа сега.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.