Грчка фрегата, од утрово следи брод што плови под знаме од Танзанија и е придружуван од три турски фрегати, а за кој постои сомневање дека пренесува оружје во Либија, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.
Телевизијата „Скај“ наведе дека товарниот брод утрово навлегол во морскиот дел контролиран од европската операција „Ирини“ за спроведување на ембаргото за оружје во Либија.
Според грчката државна телевизија ЕРТ, началникот на европските сили дал наредба, од грчката фрегата да полета хеликоптер и да го провери сомнителниот брод.
– Според информациите, кога хеликоптерот му се приближи на товарниот брод што плови под знаме од Танзанија, добил порака од една од турските фрегати дека бродот е под заштита на турската држава, објави ЕРТ, и додаде дека потоа, било наредено хеликоптерот да се врати, а фрегатата да продолжи да го следи конкретниот брод.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.