Хрватски државјанин на возраст од 30 години е уапсен во Емеринг, во близина на германскиот град Минхен во четвртокот, каде што со мачета го убил три години постариот брат.

Според информации на баварската полиција, полициски и екипи на итната медицинска помош добиле повик од станарка на една зграда во Емеринг која слушнала кавга и тропање во соседниот стан.

По доаѓањето на службите, 33-годишен Хрват е најден починат од смртоносни удари зададени со мачета.

Полицијата го уапсила неговиот брат за злосторството, а телото на починатиот е предадено на судска медицина.

Се истражува мотивот за убиството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.