Петнаесетгодишната К.М. пред шест дена загина на улиците во Краљево, Србија, но трагите од тешката несреќа сè уште се видливи. Делови од „опел астра“, возилото во кое настада девојчето, лежат покрај патот. На тревникот остана и една влечка, потсетник за кобната ноќ.

Возилото во кое се наоѓала К.М. со друштво било удрено од задната страна од страна на втор автомобил, а поради јачината на ударот, „астрата“ одлетала во воздух и покосила четири бандери. Возилото се превртило пет пати, а двете другарки излетале низ шофершајбната. К.М. паднала во кома и починала два дена подоцна во болница, а нејзината другарка има тешки повреди на главата. Останатите четири патници, исто така се повредени, но се во стабилна состојба.

Како што дознава српски „Телеграф“, возачите на двата автомобили се договориле да се тркаат по улиците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.