Во српскиот град Сомбор денеска избувна пожар во кој загинаа четири лица. Но како што ѝ потврдиле од истрагата на телевизијата Н1, пред пожарот се одвивала голема крвава драма во куќата. Сопственикот на куќата, Здравко Горановиќ, ги убил сопругата и двете ќерки, а како што неофицијално е потврдено, се обесил. Тој претходно запалил нешто во куќата и предизвикал пожар.

За пожарот околу пладне биле известени пожарникарите, а по гаснењето на пожарот полицијата во куќата затекнала четири лица од кои едното било обесено на греда.

Горановиќ ги убил сопругата и двете ќерки – родени 2002 и 2005 година.

Како што дознава Н1, тој минатата недела бил пуштен од притвор поради семејно насилство, што му било заменето со забрана за приоѓање.

Горановиќ беше уапсен и во 2010 година поради закани кон тогашниот заменик основен јавен обвинител во Сомбор, во чиј двор во картонска кутија со чевли била пронајдена копија од рачна бомба, покрај која била залепена заканувачка порака.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.