Триесет и седумгодишниот Адмир Совиќ синоќа ги заклал своите три малолетни деца, по што си пресудил и самиот себе. Трагедијата се случила во нивниот семеен дом во Бихаќ, Босна и Херцеговина.
Како што пренесува босански „Аваз“, сопругата на Совиќ го напуштила него и нивниот дом пред дваесетина дена.
Сопругата Лејла Совиќ по шокот кој го доживеа е сместена на одделот за Психијатрија. Лекарите едвај успеале да ја натераат да зборува и да воспостават контакт со неа.
Телата на таткото и децата се дадени на обдукција. Телата прв ги пронашол братот на Лејла, полицаец, кој живеел во истата куќа со нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.