Тројца луѓе загинаа во тешка сообраќајна несреќа која се случила синоќа околу 1 часот и 40 минути пред влез во Лесковац, кога се превртел македонски автобус кој сообраќал во правец од Скопје кон Белград.
Според првите неофицијални информации во прашање е автобус кој сообраќал на линија Штип – Виена, но оваа информација сè уште не е официјално потврдена.
Покрај екипи за помош од Лесковац, за повредените се погржиле и екипи од нишката итна помош, а точниот број на повредени и загинати ќе се знае кога превртениот автобус ќе биде кренат.
Автобусот беше свретен на страна, тројца патници се пронајдени без знаци за живот. Екипи итна помош од Лесковац први излегоа на терен, укажуваа помош и ја почнаа потрагата по повредените лица. Имаше патници кои беа заглавени во автобусот, нив ги извлекоа припадници на противпожарните служби. Најштешко повредените ги транспортиравме во КС Ниш, изјавил лекар од Итната помош од Ниш.
Во тек е полициски увид на местото на несреќата. Се утврдуваат причините, не е познато дали возачот задремал или автобусот слетал од други причини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.