По немирна ноќ и неколку силни земјотреси што вчера го погодија Крит, жителите на Хераклион во Грција утрово ги разбуди нов силен земјотрес со јачина од над 5 степени според Рихтеровата скала.
Според Институтот за геодинамика на Националната опсерваторија во Атина, земјотресот регистриран утрово во 7:48 часот бил со прелиминарна јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала, а неговиот епицентар бил на 23 километри југозападно од градот Хераклион.
Стотици луѓе во регионот ја поминаа ноќта во шатори и паркови или спиеја во автомобили по вчерашниот земјотрес што го погоди Крит.
Во селото Аркалокори едно лице го загуби животот, најмалку 20 лица беа повредени, а десетици куќи и други згради беа оштетени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.