Лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, како што и најави, во грчкиот Парламент достави иницијатива за гласање недоверба на алтернативниот министер за здравство на Грција, Павлос Полакис, предлог кој грчкиот вицепремиер и министер за економија го претвори во инцијатива за гласање доверба на Владата.

Расправата, според одлуката донесена на состанокот на претседателите на Парламентот, предвидено е да почне утре попладне, да трае три дена, а гласањето доверба да се одржи во петок на полноќ, јави дописничката на МИА од Атина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.