По трагедијата која ја потресе Македонија за трите исчезнати момчиња во водите кај Посиди, Халкидики осамна уште една објава дека е исчезнато момче на плажата Милос на Лефкада.

На Фејсбук групата Грчка Инфо синоќа е објавен статус дека момче на возраст од околу 25 години исчезна во водите на Јонското море на плажата Милос на Лефкада.

Тажен залез на сонцето на Милос плажата…Во водата исчезна момче од околу 25 години, просто само исчезна, а барновите воопшто не беа големи. Како да го проголта морето, потрагат на плажата траеше цело попладне заедно со полицијата и нуркачка спасувачка служба, но на крајот на денот ништо…ако некој има информации нека напише, пс струјата беше малку посилна отколку претходните денови – пишуваше во објавата на Фејсбук групата Грчка Инфо.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.