Уште една жена починала од патниците што настрадаа во автобуската несреќа кај Лесковац на 16 декември, со што бројот на жртви од несреќата е 5, велат од Министерство за здравство.
Починатата цело време била на апарати за дишење на интензивна нега во болницата во Ниш.
Останатите 5 пациенти кои беа со потешки повреди во болницата во Ниш и 4 со полесни повреди кои беа во болницата во Лесковац се пренесени во Македонија.
Дел се пренесени во болницата во Битола, дел на Клиниката за трауматологија, ортопедија, анестезија, интензивно лекување и ургентен центар, а дел се дома, велат од Министерство за здравство.
Автобусот на струшката компанија „Еуробус“ на 15 декември во 19 часот тргнал од Битола за Виена и околу 1.40 часот минатата недела наутро се преврте во близина на Лесковац.
Во несреќата беа повредени 35 луѓе. На местото на несреќата загинаа тројца патници, а 32-ца беа повредени. Од нив 14 беа хоспитализирани, а останатите по укажаната медицинска помош беа сместени во хотел.
Истрагата на српските власти за утврдување на причините за несреќата е во тек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.