Денес во 10:59 часот е регистриран умерен земјотрес кај Петриња со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала, соопшти денеска хрватската сеизмолошка служба.

Епицентарот бил на 11 километри западно од Петриња, а интензитетот во епицентарот бил IV-V степени од скалата ЕМС, пренесува Хина.

Земјотресот бил почувствуван и во Загреб.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.