Деца од четврто одделение па нагоре се дел новиот страшен предизвик кој се шири по социјалните мрежи во Хрватска, особено во Ријека. Тик-ток предизвикот се состои во тоа детето да легне среде улица и да чека до последен момент кога некој автомобил ќе помине, пренесува „Нови лист“.
Училиштата во Ријека веќе ги предупредија родителите да внимаваат на активностите на нивните деца на социјалните мрежи, за да се избегне трагедија.
Нада Кегаљ од Тимот за психолошки кризни интервенции вели дека слични опасни игри основците играат веќе одамна.
Во Ријека е популарна играта „ножички“, во која дете претчува двосмерна улица во моментот кога од двете страни доашаат автомобили. Слично, некогаш предизвик беше да се претрча преку шини кога возот доаѓа. Сега веќе тоа не е популарно, туку предизвикот е да се стои што поблиску до пругата со раширени раце и да се чека возот, а додека поминува да стоите што е можно повлиску до него. Тоа го дознав кога интервенирав во ситуција кога дете за малку ќе загинеше играјќи го овој предизвик. Кога разговарав со други ученици за да ги предупредам, ми кажаа дека тоа го прават секоја сабота на роденденски забави, предупредува таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.