Во Албанија пристигнаа уште две групи Авганистанци, со што вкупната бројка сега изнесува 275, кои освен во Драч сместени се и во студентскот центар во Тирана.

Албанското министерството за Европа и надворешни работи соопшти дека една од групите ја сочинувале 95 лица, меѓу кои имало две деца, додека другата 59 лица.

На аеродромот во Тирана, групата која пристигнала доцна синоќа била пречекана од шефицата на дипломатијата Олта Џачка, додека втората група во еден часот по полноќ и од премиерот Еди Рама американската амбасадорка Јури Ким.

Според Џачка повеќето од пристигнатите се студенти и жени претставнички на граѓански организации, чии животи се во опасност од Талибанците.

Првата група Авганистанци, вкупно 121, пристигна вчера наутро, околу три часот, а според албанските власти, ја сочинувале претставници на меѓународни организации, меѓу кои и на СОРОС. Тие се сместени во Драч, каде што вера попладне ги посети премиерот Рама.

Албанија, според Рама, ќе прими вкупно над три илјади Авганистанци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.