Во Србија денеска се доставени уште 9.360 дози од вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ објави премиерката премиерка Ана Брнабиќ, додавајќи дека до крајот на февруари ќе пристигнат уште три пратки со околу 100.000 дози на вакцините на фармацевтскиот конзорциум до крајот на февруари.
Како што најави на „Прва“, следниот понеделник Србија ќе добие уште 8.190 дози, на 15 февруари 40.950, а на 22 февруари дополнителни 46.800 дози вакцина од „Фајзер“ и „Бионтек“.
Покрај тоа, очекуваме и преговараме дење и ноќе со некои други производители. До крајот на февруари ќе добиеме уште еден значаен контингент вакцини од друг производител, рече Брнабиќ, без да прецизира за која фармацевтска компанија станува збор.
Од почетокот на вакцинацијата на 24 декември минатата година до попладнево вакцинирани се околу 463.000 лица во Србија, а 10.000 од нив во меѓувреме ја примиле втората доза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.