Драган Блануша, управник на затворот во Белград по 20 години се присети на денот кога го донеле Слободан Милошевиќ. Тој вели дека никогаш нема да го заборави она што му го рекол кога го видел. Драган тврди дека многумина сакале да го отрујат Милошевиќ преку храната но тој не дозволил.
Е мој Милошевиќ, каде дојде-му рекол на поранешниот претседател.
Влегов во келијата и тој лежи покриен со кебе. Спие и не мрда. Синиот мантил му беше закачен на закачалка. Доручекот стоеше нечепнат, леб, варени јајца и мармалад.
Кога стана ми рече:
Управниче дојде вечер и донесете виски. Јас навистина донесов-се присети Драган.
Тој вели дека странски медиуми му нуделе стотици илијади долари за една фотографија од Милошевиќ во келија но оти тоа не го дозволил. И навистина таква фотографија никогаш не излезе во јавност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.