Унгарската банка ОТП соопшти дека нејзината подружница во Подгорица, „Црногорската комерцијална банка“ склучила договор за купување на 90,56 отсто од акциите на филијалата на француската „Сосиете Женерал“ во Црна Гора, „Сосиете Женерал банка Монтенегро“ (СГМ).

Договорената цена за купување на 90,56 отсто од акцискиот капитал на СГМ изнесува 40.455.538 евра. Куповната цена по акција изнесува 461,81 евро – се наведува во соопштението на ОТП.

Со 11,5 процентни пазарно учество, СГМ е четврта по големина банка во Црна Гора.

Спроведувањето на купопродажниот договор се очекува во текот на следните месеци, а неговата брзина во голема мерка ќе зависи и од добивањето на потребните регулаторни одобренија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.