Унгарската левичарска опозициска партија МСЗП беше придена да избрише лажна видео снимка на која тие претставија наводна болничарка како тврди дека Владата не успева да се справи со епидемијата на корона вирусот.

Во снимката, која викендов беше споделена од МСЗП, е претставена болничарката Атина Немет која раскажува како девет од десет пациенти со Ковид-19 кај кои морала да интервенира починале поради негрижа и неспособност на властите, и тврди дека епидемијата предизвикала евакуација на болници.

Немет за себе тврди дека има повеќе од 40 годишно искуство како болничарка во служба за итна помош и дека досега не видела ваква неспособност на властите да се справат со здравствена криза, насочувајќи ја целата вина кон Владата на премиерот Виктор Орбан.

Но, набргу се покажа дека Немет не може да одговори елементарни прашања од областа на медицината, кко и дека не е регистрирана болничарка во јавниот систем. Откако лажното видео беше разобличено како пропаганден обид, социјалистичката партија МСЗП мораше да го повлече.

Според новинската агенција В4НА, инцидентот со лажното видео го отвара прашањето и за злоупотреба на средствата што Европската Унија ги издвојува за членовите на Европскиот Парламент. Видеото беше објавено од страна на член на тимот на социјалистичкиот евро-пратеник Иштван Ујшељи. Според правилата на Европскиот Парламент, ресурсите обезбедени од Парламентот може да се искористат само за работата на пратениците, но не и за водење пропагандни кампањи во матичните земји, особено не кампањи кои вклучуваат изработка на лажни вести.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.