Унгарија порачала 12 милиони дози вакцини за корона вирусот и преговара со сите можни произведувачи, рече шефот на владиниот кабинет Гергели Гулиас.
Вакцините се порачани од глобалните компании АстраЗенека, Јансен и Фајзер, а опција е набавката и на вакцини од руски и кинески производители. Досега за ова се издвоени безмалку 100 милиони евра.
Имаме обврска даа обезбедиме вакцини кои се добро испитани и се ефикасни, и тоа да го сториме што е можно побрзо. Затоа разговараме со сите потенцијални партнери во ЕУ, Израел, САД, Кина и Русија, Гулиас рече на прес конференција.
Изјавата доаѓа откако унгарската опозиција ја обвини власта дека сака да “експериментира” врз граѓаните, откако министерот за надворешни работи Петер Сијарто најави дека земјата ќе биде прва земја во Европа која ќе добие примероци од руската вакцина за вирусот.
Унгарија воедно ќе почне со редовно тестирање во домовите за стари лица, на учителите и на други суштински важни професии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.