Унгарската владата одлучи да обезбеди средства за формирање на оддел за традиционална кинеска медицина на универзитет во Будимпешта, објавија локалните медиуми, пренесе „Дејли њуз Хангари“.

Владата ќе обезбеди 5,9 милијарди унгарски форинти (18,16 милиони американски долари) за да го прошири Факултетот за здравствени науки на Универзитетот Семелвеис за да вклучи оддел за традиционална кинеска медицина, објави локалниот портал „Индекс“.

Новиот оддел ќе го опфати целиот спектар на активности за лекување, истражување и обука поврзани со традиционалната кинеска медицина која ќе може да ја изучуваат студентите од цела Европа. Универзитетот Семелвеис во Будимпешта нуди курсеви за традиционалната кинеска медицина од 2010 година.

Се предвидува Будимпешта да стане домаќин на првиот странски кампус на кинески универзитет во Источна Европа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.