Унгарската Влада подготви пакет мерки со кои компаниите кои во земјоделието и во прехранбената индустрија ќе бидат ослободени од обврските да плаќаат даноци на платите кои ги исплаќаат на вработените, јави Унгарија Денес.
Според министерот за земјоделие Иштван Наѓи, мерката треба да им помогне на овие клучни гранки, како и на производителите на вино и алкохол, овоштарите, и другите сродни компании. Овие компании плаќаат данок од 4 проценти за здравствено осигурување на своите работници, а во иднина сите ќе плаќаат само 22 евра по вработен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.