Избирачкиот список на најнаселениот реон во Бугарија има 1.000 страници и 45.752 лица од кои најголемиот број се Македонци. Сите тие странци се заведени на истата адреса ул. „Леге“ бр. 6 во Софија, на којашто се наоѓа управата на реонот „Средец“, објави БГНЕС.

Според законот, сите лица кои добиле бугарско државјанство, а живеат во странство, добиваат постојана адреса во зградата на администрацијата на реонот, објаснува градоначалникот на „Средец“, Трајчо Трајков.

Според него, последните денови бројот на овие лица достигнал над 82 илјади. Тој вели дека често ги гледа тие луѓе кои доаѓаат за некакви административни услуги, но гласачките ливчиња, како што било секогаш досега, ќе останат неискористени.

Најголемиот број од лицата во списокот се со македонски презимиња кои добиле бугарско државјанство врз основа на докажано бугарско потекло.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.