Србија бара од Кина враќање на златниот часовник што му припаѓаше на претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито, а кој беше понуден на продажба на аукција во Хонгконг по кражбата од Музејот на Југославија.

Според српската министерка за култура, Маја Гојковиќ, рачниот часовник од марката „Патек Филип“ бил украден „пред повеќе од 10 години“ од Музејот на Југославија во Белград за време на изложбата на часовниците на Тито.

Тој часовник се појави на редовна аукција по 10-15 години. Таа аукција сега е прекината и со кинеските власти бараме модели кога и како ќе биде вратена во Музејот на Југославија – изјави министерката Гојковиќ

Таа додава дека испратила писмо до сите музеи и галерии во Србија со барање да се направат списоци со украдени предмети.

Списокот е огромен, што ме изненади. Од 55 музеи и галерии, списоците со украдени предмети ги испратија 32 културни институции, од кои 23 музеи и галерии потврдија дека е во тек судска постапка за украдените предмети – изјави Гојковиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.