Специјалната обвинителка на Црна Гора, Стојанка Радовиќ, рече дека минатата година е формирана криминална група, која го ограбила Аца Ѓукановиќ, брат на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.

Целта на криминалната група, како што соопшти Специјалното државно обвинителство, била да изврши неколку кривични дела.

Членка на групата, А.П. крадела од куќата на Ѓукановиќ, искористувајќи ја довербата на Габриела Ѓукановиќ, сопругата на Ацо Ѓукановиќ.

Наводно, таа украла 1.053 килограми златен накит, 900 грама накит без жиг, околу два килограми сребрен накит, неколку златници, 33 часовници.

Покрај неа, во криминалната група бил и Р.Ф. кој од А.П. го откупувал украдено злато и го продавал. Радовиќ рече дека истрагата за овој случај е при крај.

Специјалниот државен обвинител Миливоје Катниќ рече дека Основното државно обвинителство започнало да работи на случајот, но понатамошната истрага утврдила дека во овој предмет станува збор за злоупотреба на положба и перење пари.

Ѓукановиќ, како оштетена страна, ќе мора да докаже дека тоа се нивни предмети, рече Катниќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.