Училиштата во Бугарија ќе бидат префрлени на онлајн настава, поради зголемувањето на бројот на заболени од коронавирус, соопшти денеска Министерството за образование на земјата.
Се препорачува прво средните училишта да започнат со ваква настава, а основните училишта да бидат префрлени само доколку е потребно, пренесува Ројтерс.
Во Бугарија е задолжително да се носат маски и на отворено и на затворено, како и да се држи дистанца, а ноќните клубови се затворени на две недели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.