Жељко Ражнатовиќ Аркан, кралот на белградското подземје во деведесеттите и основачот и командант на Српската доброволна гарда беше убиен во јануари пред 21 година во белградскиот хотел „Интерконтинентал“, но мотивот и нарачителите на убиството до денес не се познати.

Единствениот кој би можело да го разоткрие ова злосторство е осудениот за неговото убиство, Добросав Гавриќ, поранешен полицаец, кој со години се крие во Јужна Африка.

 

Поранешниот припадник на Службата за државна безбедност Божидар Божа Спасиќ, тврди дека Гавриќ всушност и не знае многу за тоа, пренесува „24седам.рс“ .

Добросав Гавриќ беше последната алка во убиството на Аркан. Тој е непосреден извршител и веројатно бил во таканаречениот прв прстен на извршители, а пред него постоеле неговите помагачи. Кога се работи за убиство од ваква категорија, бидејќи Аркан беше личност од криминалното подземје, кој се претвораше и во бизнисмен и во политичар, а не заборавајте и дека беше и пратеник, тоа има посебна тежина и оној што го организирал никако не би дозволил непосредниот извршител да знае кој стои зад тоа вели Спасиќ, .

Српското правосудство заклучи дека нарачателите го одбрале Гавриќ за убиството на Аркан бидејќи бил исклучително спретен, вешт во ракување со оружје, а бил и во добра физичка кондиција.

Првобитниот план на убијците бил на Аркан да му понудат да купи „Ауди А8“ по поволна цена. Потоа требало да го намамат да го испроба автомобилот, а потоа и во тој автомобил да го убијат.

Зделката била пред склучување, Аркан дошол до вратата на хотелот каде што требало да се договори со продавачите, но нешто му станало сомнително па се откажал од „Аудито“.

Потоа се поминало на план Б.

Гавриќ се приближил до Аркан, кој седел во фоајето на хотелот „Интерконтинентал“ и за само 10 секунди успеал на Аркан да му испука три куршуми во тилот, а потоа со четири куршуми во главата да го ликвидира Мандиќ, како и да го убие Гариќ со два куршуми во грбот.

По трикратното убиство тој потрчал кон излезот на хотелот, но неочекувано го погодил куршум испукан од Звонко Матеовиќ, кој ја обезбедувал Цеца.

И сопругата на Аркан, пејачката Цеца Ражнатовиќ, била во хотелот, каде што со сестра ѝ се шетала по бутиците.

Во еден момент во бутикот влезе телохранителот Звонко Матеовиќ, барајќи да му го дадам мојот пиштол зашто тој ги испукал сите куршуми од неговото оружле. Му го дадов мојот валтер, но тој не испали ниту еден куршум. Звонко викаше „Убиен е командантот“. Собрав сили и истрчав кај него. Гариќ беше на подот Жељко крвареше, се обидов со реанимација. Видов дека Манда е на место мртов. Викав некој да викне брза помош – изјави по убиството на Аркан Цеца за српските медиуми.

Погребот на Аркан 

Гавриќ во општата збрка ползел на лактите и успеал да се извлече од хотелот, од каде што бил однесен со „Голф“ до базенот „11 Април“ во Нов Белград. Гавриќ истата вечер бил згрижен во приватна болница во Лозница.

На Гавриќ дополнителен проблем му создал и фактот дека работел за српската разузнавачка служба.

Судскиот процес за убиство на Аркан е повторен неколкупати пред Вишиот суд во Белград, а Гавриќ, подоцна осуден на 35 години затвор, пуштен е од притвор во 2006 година и оттогаш е недостапен за српското правосудство.

Пред да побегне од Србија, Гавриќ ја негирал вмешаноста во убиството на Аркан.

Се плашам за својот живот бидејќи Аркан беше заповедник на поранешниот претседател Слободан Милошевиќ и има силна војска следбеници, кои не се толерантни – изјавил Гавриќ.

Вдовицата на Аркан, Светлана Ражнатовиќ Цеца, пак, директно му се обратила на Гавриќ во текот на едно сведочење:

Седеше со наведната глава, свртен со лицето кон излезот, убаво те видов преку рамото на Жељко. Ќе го повторам тоа стопати! Апсолутно сум сигурна.Предавнику, знаеш ли кого предаде, кого уби? Ѓубре! – викала пејачката и плукнала во Гавриќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.