Австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер изјави дека убиениот терорист Кујтим Фејзулаи е државјанин на Австрија и Македонија.

Фејулаи бил ослободен од затвор, условно на 5 декември минатата година, бидејќи, врз основа на неговата возраст, бил опфатен со поблаго законодавство предвидено за помлади престапници.

Тој има 20 години и претходно бил осудуван за тероризам.

Станува збор за радикализирана личност која се чуствувала блиска со „Исламска држава“- изјави министерот за агенцијата „АПА“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.