Претседателот на ракометниот клуб Црвена Звезда и на Автомото сојузот на Србија (АМСС), Мирко Бутулија е убиен денеска во просториите на АМСС, пренесуваат српските медиуми.

Бутулија е убиен со неколку истрели од пиштол од генералниот секретар на АМСС, Предраг Ѓурџев кој потоа извршил самоубиство. Не се соопштуваат причините за ова убиство и самоубиство.

Бутулија беше претседател на РК Црвена Звезда од 2014 година, а ја извршуваше и потпретседателската функција во Ракометниот сојуз на Србија.

Бутулија бил ценет деловен човек, најуспешниот директор на АМСС во историјата, татко на четири малолетни деца.

Роден е на 19 септември 1976 година. На чело на АМСС бил од 22 јули 2014 година до денес.

Беше пртседател на ракометниот клуб Црвена Звезда и од 2018 година претседател на Собранието на Спортскиот сојуз на Србија.

Го возобновил натправарувањето „Големата награда на Зрењанин“, направени се нови патеки за трки, а во Крушевац е воспоставен шампионат за мотокрос.

Благодарение на неговото залагање српски мотоциклисти постигнале успех на „24 часа Ле Ман“ во рамки на Светскиот шампионат „24 часа мото“, најпрестижниот мотонатпревар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.