Жената која беше убиена денеска во Призрен со 15 куршуми од нејзиниот сопруг, е мајката на потпретседателката на Алијансата за иднина на Косово и политичката советничка на косовскиот премиер во заминување, Рамуш Харадинај, Диелза Хоти. Хоти исто така е и лидер на младината на оваа партија, пренесува Газета Експрес.

Самата Хоти ја објави веста преку фотографија што ја сподели на Инстаграм.

Почивај во мир моја мајко, ангел мој“, напишала ќерката на покојната.

Досега се знае дека 42-годишната жена била убиена по расправија што ја имала со нејзиниот сопруг, 20 години постар, 61-годишниот Б.В., со кој биле во брак неколку години. Двајцата се вратиле од одмор во Швајцарија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.