Сплиќанецот Филип Завадлав (25), кој пред еден месец во Сплит изрешета тројца дилери на дрога кои го малтретирале неговиот брат заради наводен долг, бил издрогиран кога го извршил масакрот, информираат хрватските медиуми.
Завадлав предизвика голем интерес во јавноста на Балканот, а убиецот дури придоби и голем број на симпатизери на социјалните мрежи, кои му дадоа подршка за направеното.
Според вештачењето, убиецот не бил под дејство на алкохол, но имал повеќе супстанции во крвта, меѓу кои и метадон. Уште се чекаат резултатите од психијатриското вештачење кое треба да покаже дали во моментот на убиството бил пресметлив.
Како што е познато, Завадлав во тројцата дилери испукал 36 куршуми од „калашников“, а при пукањето еден куршум завршил во автомобил во близина во кој имало момче и девојка, кои не биле повредени. За време на пукањето убиецот бл снимен од граѓаните како смирено оди со „калашниковот“. По масакрот Завадлав ја фрлил пушката, по што заминал дома иму рекол на татко си дека направил големо зло. Бидејќи биле проблематично семејство комуницирале со Центарот за социјални работи, па таткото повикал вработен кој со нив комуницирал. Тој потоа со полицијата договорил Завадлав да се предаде во едно од сплитските кафулиња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.