Тројното убиство во Сплит денеска било одмазда за малтретираниот брат, неофицијално пишуваат хрватските медиуми. Две лица загинале на местото на настанот, а третото им подлегнало на повредите во болница.
Неофицијално, убиецот е сплитскиот морнар Ф.З., кој го започнал одмазничкиот поход затоа што убиените го малтретирале неговиот брат.
Слободна Далмација дознава дека убиените се Марио Паиќ, Марин Бобан и Јурица Торлак, добро познати на полицијата како припадници на крим сцената.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.