Белград се уште е потресен од бруталната ликвидација на Небојша Марковиќ(37), зет на припадникот на Пинк Пантер, Александар Ш. Се уште се трага по сторителот на убиството.
Снимката која го фатила моментот на убиството го покажува мажот во бела јакна, кој со торба во рацете му пришол на Марковиќ, извадил пиштол, му се насмевнал и пукал во него неколку пати на сред улица.
Според неофицијалните информации, убиениот живеел во куќа која се наоѓа покрај куќата во која живее поранешниот кошаркар на Партизан, Вукашин Авдаловиќ, на чиј автомобил, минатата година по грешка е фрлена бомба, додека бил паркиран во дворот. Бомбата, како што тогаш се сомневале, била наменета за Александар Ш, зет на сега убиениот Марковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.