Еден од синовите на Горан Џониќ, осомничен за убиството на семејството Ѓокиќ, вечерва е уапсен откако претходно денеска се уапсени четворица од Ниш, кои убиецот ги идентификувал како соизвршители.

Како што дознава Објектив.рс., двајца од приведените се браќата Константин и Костадин Милошевиќ по потекло од Моравац, третиот човек е Марко Момчиловиќ од Житковац, поранешен припадник на МУП од Белград кој бил во затвор поради разбојништво, а четвртиот е Д.М. од Озрен.

Се претпоставува дека Џониќ им должел пари, па бидејќи бил близок со семејството Ѓокиќ го уценувале и заканувале, па тој го убил братучедот Горан, сопственик на менувачница во Алексинац, неговата сопруга Гордана и ќерката Лидија. Пиштолот со кој се сомнева дека е убиено семејството Ѓокиќ е пронајден во станот на Џониќ во Алексинац.

Како што дознава Блиц.рц, форензичка анализа на ДНК траги на убиецот и убиениот пронајдени се на куп пари и на платнената торба ископани во дворот на еден од синовите на Џониќ, каде ги скрил парите.

Српските медиуми известуваат дека полицијата кај него пронашла 43.000 евра. Семејството на Џониќ живеело на четири куќи од таа на Горан во Моравац. Тој бил поранешен пожарникар, сега во пензија. Горан често му ја миел колата на братучедот, бидејќи Ѓокиќ не им верувал на пералниците поради сефовите што ги чувал во автомобилот. Така убиецот дознал каде Ѓокиќ ги криел парите. Убиецот сè однапред испланирал, ја подготвил нафтата, нашол дупка каде ќе ги закопа телата, ги однел таму, ги убил и ги запалил. После тоа, убиецот го возел нивниот автомобил на околу 10 километри, каде го запалил за да уништи секаква трага. Убиецот дури и бил на погребот, камерите го снимиле како стои до ковчезите на убиените.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.