Петмина екстремисти беа уапсени и обвинети за тероризам на Косово вчера, откако пет лица беа уапсени во Пеќ, Призрен и Ѓаковица по налог на специјалното обвинителство. За време на вчерашното апсење е најден арсенал оружје, кој, како што јавуваат косовските медиуми, бил скриен во јама ископана во блиска планина. Во понеделникот полициската управа за борба против тероризмот уапсила пет лица осомничени дека подготвувале терористички акции и поседувале нелегално оружје.

За време на рацијата во понеделникот полицијата нашла експлозив, беспилотни летала и противтенковско оружје.

Босанскиот експерт за тероризам Џевад Галијашевиќ вели дека „групата паднала бидејќи планирала напади на војници на КФОР, што може да се види по оружјето. Тој предупреди дека има уште такви групи на Косово.

„Ситуацијата на Косово е без сомнеж опасна, пред сè за српското малцинство. На Косово тероризмот функционира во две насочи, постојат подобни терористи кои се обучувани и од специјалците РОСУ и се миленици на САД, додека овие петмина спаѓаат во втората категорија, бидејќи имале планови против западните воени единици. Оваа група терористи се од оние кои не го поддржуваат западното воено присуство на овие простори. Она што Америка го направи во Авганистан може да биде поводот за дејствувањето на оваа група, а сигурен сум дека на Косово има уште такви групи на слобода“, вели Галијашевиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.