Словенечката полиција соопшти дека уапсила неколку големи групи мигранти на границата и во земјата во изминатиот викенд.
Уапсени се и неколку криумчари на мигранти.
Во Илирска Бистрица, град на југозападот од земјата уапсени се 144 мигранти, најмногу од Бангладеш и Пакистан, пренесува СТА.
Во близина на Ормож, полицијата пресретнала возило со 22 мигранти, исто така најмногу од Бангладеш и во таа прилика уапсени се двајца криумчари од Молдавија и Украина.
Во близина на Цеље фатени се 34 мигранти, а уапсен е и криумчарот со потекло од Белгија.
Како што се наведува, против криумчарите ќе бидат поднесени кривични пријави, додека емигрантите ќе бидат процесуирани и најверојатно вратени во Хрватска, од каде што дошле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.