Полицијата во Сараево уапсила двајца Алжирци осомничени за врзување и давење на мигрант во населбата Илиџа.

Портпаролот на кантоналната полиција, Мирза Хаџиабдиќ, за весникот „Дневни Аваз“ потврдува дека двајцата Алжирци биле пронајдени и уапсени на железничката станица во Ново Сараево.

Уапсените се сместени во службените простории за притвор, а ќе заврши кривичната постапка за нив тие ќе бидат предадени на вршителот на должноста обвинител на Кантоналното обвинителство на Сараевскиот кантон.

Убиениот мигрант бил пронајден вчера во Илиџа со врзани раце, а полицијата се сомнева дека бил заробен и убиен. Ова е втор случај на убиство на мигрант во Сараево.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.