Уапсени се родителите на 2,5-годишното девојче, кое со сериозни повреди на главата е пренесено во болница во Загреб и се бори за живот.
Приведени се и таткото и мајката на детето и се осомничени за нанесување на тешки повреди на девојчето, објавија хрватските медиуми.
Во тек е истрага за утврдување на сите околности кои допринеле 2,5 годишно девојче да ги добие тешките повреди на главата.
Родителите се уапсени и првично се обвинети за делто повреда на правата на детето од став 3 од Казнениот закон, за што е предвидено од една до осум години затвор, Останатите деца од семејството со решение на центарот за социјална работа се сместени во вдомувачко семејство – соопшти полицискиот портпарол, Дамир Брезиќ.
Од полицијата додаваат дека ќе продолжи криминалистичката истрага за 27-годишниот татко и 24-годишната мајка на девојчето, со цел да се утврдат сите околности за повредите на детето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.