По налог на Обвинителството за организиран криминал уапсени се директорот на „Дајрект медиа” Ј.С. (47), како и двајца вработени во маркетингот на РТС, М.Ѓ.Ј. (61) и М.К. (55) поради злоупотреба, објави Танјуг.
На осомничените им е одреден притвор до 48 часа, кога ќе бидат сослушани во Обвинителството, по што ќе биде донесена одлука за натамошниот тек на кривичната постапка.
Со кривичната пријава е опфатена и поранешната директорка во „Дајрект медиа” Ј.Д. (1975), која се наоѓа надвор од Србија, каде престојува веќе подолг временски период и по неа е распишана потерница.
Уапсените се сомничат дека извршиле кривично дело злоупотреба на службената положба, бидејќи со своите постапки го оштетиле буџетот на јавниот сервис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.