Припадниците на МУП, Одделението за борба против корупција, во соработка со Посебното одделение за сузбивање на корупција на Вишото јавно обвинителство во Краљево,  ја уапсија Н.М.(41) поради сомневање дека извршила кривично дело измама во службата.

Таа, како раководител во едно јавно претпријатие во периодот од 2016 до 2019 година, во работната евиденција внела дека една од вработените доаѓала на работа, иако на работното место не се појавила 140 работни денови.

Врз основа на тие фалсификувани извештаи кои осомничената ги доставила до Одделението за сметководство, на вработената и е исплатена заработка во износ од 359.462 динари, додека за истата сума оштетено е претпријатието.

Осомничената со кривична пријава е приведена кај надлежното обвинителство, се наведува во соопштението на МУП.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.