Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за време на гостување на ТВ Пинк, соопшти дека се пронајдени цврсти докази врз основа на кои е уапсено уште едно лице поврзано со криминалниот клант на Вељко Беливук, познат како Веља Невоља.

Сакам луѓето да знаат дека се пронајдени цврсти докази за сторителите на убиства на најмалку три лица и дека уште еден од убијците е уапсен затоа што му е пронајдена ДНК, иако не верувавме дека тој е вмешан. Неговите иницијали се А.Ш., а неговата ДНК беше пронајдена заедно со ДНК на тројцата убиени млади момчиња за кои најмногу зборуваме во последните неколку дена – изјави Вучиќ, кој додаде дека е важно луѓето да се чувствуваат безбедно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.