Припадниците на специјалната полиција на Црна Гора го уапсиле поранешниот директор за национална безбедност, Дејан Перуничиќ, објави порталот „Вијести, повикувајќи се на извори од безбедносните кругови.
Според „Вијести“, Перуничиќ бил уапсен како дел од истрагата што ја почна Специјалното државно обвинителство, откако вчера беше пронајден уред за прислушување во канцеларијата на главниот специјален обвинител, Миливоје Катниќ.
Специјалното државно обвинителство и Полициската управа денеска ќе одржат прес-конференција во 12 часот, на која ќе бидат соопштени деталите за апсењето на Перуничиќ, јавува РТЦГ. На прес-конференцијата ќе бидат соопштени и повеќе детали за самоубиството на поранешниот вработен во тајната полиција, Лука Булатовиќ.
На поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност Дејан Перуничиќ и поранешниот агент на тајната придружба, Срѓа Павичевиќ, веќе им се суди за незаконско снимање и следење на неколку лица.
Со одлука на судија од Вишиот суд во Подгорица, и со почитување на предлогот на бранителите, на обвинетите Перуничиќ и Павичевиќ им се суди зад затворени врати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.