Познатиот стилист и диџеј Срѓан Ш. (52) бил уапсен во Нови Сад под сомнение дека сексуално вознемирувал и злоставувал малолетни лица. Српски „Блиц“ пишува дека стилистот е уапсен откако малолетните жртви го пријавиле во полиција. Се верува дека ги злоставувал.

Момчињата во полиција раскажале дека кај него доаѓале како модели. Тој ги соблекувал, облекувал и ги фотографирал, изјави за „Блиц“ извор од истрагата.

Момчињата, наводно, биле на возраст од 12 до 14 години.

Инстаграм профилот на стилистот е полн со фотографии од млади момчиња на различна возраст, од кои повеќето се помлади, тинејџери. Скоро секоја фотографија има сексуална конотација и моделите се претежно разголени.

Ова апсење доаѓа откако Игор Јуриќ, основач на фондацијата „Тијана Јуриќ“, зборуваше за јавни тајни за педофилите во Србија, велејќи дека веќе долго време има сознанија за влијателни луѓе од повеќе градови кои злоупотребувале деца. Додаде дека под чиста одговорност и свест го изјавува тоа за тие луѓе да знаат дека тој и неговите соработници имаат многу информации за нивните постапки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.