Човек што се лекувал од Ковид-19 во атинска болница е уапсен под сомнение за убиство на друг пациент откога го исклучил од респиратор, соопшти денеска грчката полиција.

Полицијата соопшти дека осомничениот, чие име не е соопштено, останува под стража во атинската болница сѐ додека не закрепне, пренесе агенцијатa „Ројтерс“.

Пациентот (76), кој исто така се лекувал од Ковид-19, починал во средата вечерта откога лекарите од болницата „Црвен крст“ утврдиле дека му е изваден респираторoт без знаење на доктор.

Двајцата пациенти лежеле на истото одделение, информираат од полицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.