Никола Вушовиќ, наречен Џони, осомничен како наследник на екипата на Вељко Беливук, уапсен е во Доминиканската Република.

По него инаку е рапишана црвена потерница и Србија бара итна екстрадиција, бидејќи постои можност да избега.

Никола, кој важи за соработник на кавачкиот клан во Белград, наводно намеравал со својата група да ги превземе валканите бизниси на Веља Невоља.

Вушовиќ инаку ги полнел рубриките на црна хроника уште 2010 година, кога е уапсен заедно со водачот на навивачите на Партизан, Александар Станковиќ, кој е ликвидиран на 13 октомври 2016 година, со дури  60 куршуми од калашњиков во Белград.

Криминалната организација на Вушовиќ подоцна наводно потпаднала под закрила на кавачкиот клан. Токму тој млад огранок на кавачкиот клан на чело Џони наводно планирал да ги превземе бизнисите на Беливук и неговата криминална мрежа во Белград и Србија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.