Претседателот на партијата „Вистинска Црна Гора“, Марко Милачиќ е уапсен на аеродромот во Подгорица веднаш по неговото слетување од Белград.

До него дошле службеници од полициската Управа, го известиле дека мораат да му дадат покана, без да му објаснат за што станува збор, по што е спроведен со полициско возило во Центарот за безбедност, соопшти партијата.

Во соопштението се наведува дека „Милачиќ е уапсен по повеќедневен престој во Белград, каде гостувал во емисии на српските медиуми и зборувал за диктатурата на владејачката партија во Црна Гора и комунистичките начини за пресметување со политичките противници. Тој во Белград се сретнал со Патријархот на Српската православна црква Иринеј“.

Од партијата предупредуваат дека „во Црна Гора дејствува најстрога диктатура и прогон на политички противници на владејачката ДПС.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.