Осудениот воен злосторник и актуелен градоначалник на Велика Кладуша во БиХ, Фикрет Абдиќ, беше уапсен во средата навечер, потврди неговото семејство. СИПА тврди дека Абдиќ се уште е во својата куќа, дека не е уапсен и дека ја чекаат одлуката на Судот на Босна и Херцеговина во врска со неговите постапки, пишува Став. Интерпол издаде црвена потерница по него, пишува Фактор.

Хрватските власти го бараат за кривично дело злоупотреба на службената положба или овластување.

Фикрет Абдиќ вчера наполни 82 години. Во Хрватска тој беше осуден на 15 години затвор за воени злосторства извршени под негова команда од паравоени единици на таканаречената Автономна покраина Западна Босна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.