Едно лице осомничено дека споделило список на болни преку Вибер е задржано во притвор 72 часа во Подгорица, јавија локалните медиуми. М.Р. е осомничен дека како службено лице задолжено за податоци за болни од Ковид-19 го испратил списокот со податоци преку Вибер на други лица.
Во меѓувреме основен суд во Белград осуди на 19 месеци домашен затвор лице кое ги прекршило мерките за самоизолација.
Осудениот на 14 март влегол во Србија, а во понеделникот бил уапсен откако бил во аптека иако не смеел да излегува од дома.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.