Со брза и ефикасна акција на припадниците на српското Министерство за внатрешни работи, уапсен е Н.В.(1987), осомничен дека во Белград на Ада Циганлија нападна жена. Снимка од нападот вера се појави на социјалните мрежи и ги вознемири сите.
После појавата на снимката на социјалните мрежи, полицијата веднаш реагираше, го идентификуваше сторителот и го уапси. Министерот за внатрешни работи, Александар Вулин порача дека во Србија насилството нема да биде толерирано.
За силеџиите нема место во нашето друштво. Секоја битанга која ќе крене рака на жена или дете ќе биде пронајдена и казнета – истакна Вулин и ги повика жртвите на насилниците веднаш да пријават во МУП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.