Српската служба за борба против организираниот криминал уапси уште еден близок соработник на групата Веља Невоља, инаку поранешен водач на навивачите на ФК Рад. Станува збор за Бојан Хрватин, објавија српските медиуми.
Хрватин на 7 јуни 2011 година, беше осуден на 30 години затвор од Високиот суд во Белград за кривично дело тешко убиство. Сепак, во март 2012 година, Апелацискиот суд во Белград ја преполови казната од 30 на 15 години затвор за убиството на навивачот на Вождовац, Бојан Мајиќ на 4 август 2005 година, додека другите тројца обвинети за учество во борба ги ослободи од обвинение поради застареност.
Инаку, околу триесетина членови на групата Вељко Беливук и Марко Миjковиќ беа испрашувани пред неколку дена во Обвинителството за организиран криминал под сомнение дека извршиле најмалку пет убиства.
Според информациите на „Новости“, им биле прикажани дури и фотографии, пронајдени во заштитената апликација „Скај“, кои прикажувале убиства, распарчување на телото, отсекување на главата и екстремитетите …
Доказната постапка на секој од осомничените траеше речиси цел ден. На изнесувањето на одбраната присуствуваат и нивните бранители. Некои членови на оваа криминална екипа, сепак, не можеа воопшто да ги гледаат фотографиите поради монструозните глетки.
Ужасни сведоштва за убиства и масакри врз луѓе се добиени, меѓу другото, преку меѓународна правна помош – посочил еден соговорник близок до истрагата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.